Тава црвен ориз со компири
Уште едно од брзите јадења во мојата кујна. Традиционално се припрема посно, но нам вака ни е повеќе по вкус.
Рерната вклучете ја на 200 степени.
Месото исечете го на мали долги парчиња, кромидот ситно исечкајте го, компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки полукругови, а доматот излупете го и исечкајте го на коцкички.
Тавата во која ќе печете ставете ја на рингла да се загрее. На малку масло пропржете го кромидот. Потоа додадете го месото и пржете го кратко да фати боја. Додадете ги исечканите компири, промешајте и кратко пропржете. Потоа следува оризот и на крај доматот. Додадете ги зачините, налијте ја топлата вода и се измешајте.
Печете додека целата тава да добие убава боја, околу 40 минути.
Пријатен апетит!
Место домат може да употребите околу 200 мл сок од домати.
Лиценца: Сите права се задржани