Таан брауни со тиква
За љубителите на тиква, лесен и не толку благ, на вкус, десерт.
Подготовка:
1. Прв слој- во длабок сад ги ставаме сувите состојки- овесно брашно, пециво, сода бикарбона, цимет и какао. Промешуваме со лажица. Во сувите состојки додаваме тиква, таан, арома од ванила и кокосово млеко. Мешаме со лажица да се соединат состојките. Смесата ја ставаме во сад за печење со димензии 20х20 обложен со хартија за печење. Ја распределуваме смесата подеднакво.
2. Втор слој- во длабок сад ставаме тиква, агаве сируп и грчки јогурт. Мешаме со жица за матење да се соединат состојките. Смесата ја делиме на половина. Во едната половина додаваме какао.
Врз првиот слој ставаме напоредно, една до друга, по 1 лажица од жолтиот и кафеавиот фил. Нежно го распределуваме филот. Ставаме чоко капки. Печeме во зареана рерна на 180 степени околу 25 минути.
Количината на таанот и засладувачот, во вториот слој, може да се зголеми, зависно од тоа колку е блага тиквата, а и од вашиот вкус.
Лиценца: Сите права се задржани