Овој рецепт ми е од мојата фитнес инструкторка. Здрав, вкусен кремаст и посен колач. Благодарам Драгана за рецептот, ние уживавме во вкусот
1. Лененото семе го мелиме. Ги додаваме 8те лажици вода, оставаме 15тина минути додека да се впие водата.
2. Во блендер ги ставаме сите состојки, убаво да се соединат. Смесата ја ставаме во округло силиконско тавче.
3. Печиме 15 минути на 180 степени.
4. Прелив- кокосовото масло, медот и какаото ги мешаме заедно. Ја преливаме тортата.

* откако ќе го ставите колачот, преливот ќе се здрви поради кокосовото масло, но тоа не го менува вкусот
* доколку тиквата не е блага може да додадете повеќе мед

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани