9
јан
2020
Малинест брауни колач
Брауни колачот направете го по упатството на паковањето. Пред да го ставите да се пече ставете половина од малините во колачот. Јас колачот го печев во округла тава.
За фил
Шлагот изматете го, додајте ја другата половина од малините (оставете неколку за украсување) и изматете заедно. Додајте овошен јогурт и шеќер во прав. Се’ заедно измешајте.
Премачкајте го колачот со филот одозгора и страните. Украсете со малку шлаг и малините.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани