Сутлијаш со тиква и цимет
Се става оризот во зовриена вода во голем лонец на тивко да се вари со постојано мешање со дрвена лажица. Кога ќе испари водата се додава млекото во повеќе наврати и се продолжува со варење и мешање. При крај, кога оризот ќе го впие млекото и кога ќе почне да се згуснува, се додава шеќерот, цимет, пирето од тиква, ванилиниот шеќер и кората од ренданиот лимон. Сутлијашот не треба да биде многу густ, бидејќи тој покасно ја губи течност и се суши. Готовиот сутлијаш се става во чинии и се посипува со мелен цимет.
Лиценца: Сите права се задржани