1. 100 гр тиква ја чистиме и сечиме на мали коцкички. Врз нив го ставаме кафеавиот шеќер и промешуваме. Парчината тиква ги ставаме во плех обложен со хартија за печење. Печиме 20 минути на 200 степени.
2. 50 гр тиква исчистена ја ставаме да се вари. Откако ќе биде готова ја ставаме во блендер, додаваме 1 лажица од водата во која се барење. Блендираме.
3. Млекото заедно со шеќерот, ванилата и пирето од тиква ги ставаме во сад на оган. Откако ќе зоври го додаваме оризот. Ја намалуваме температурата и вариме додека да се згусни со повремено мешање.
4. Окако малку ќе се подизлади го ставаме во чинии и врз оризот ставаме од парчината карамелизирана тиква. Посипуваме со цимет.
Забелешка филџанот е 150 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани