Во брашното ставете го мелениот сусам и ладниот маргарин исечкан на мали парченца. Со прстите сврзете го маргаринот со брашното, да дојди нешто слично како тарана, па ставете ги и другите состојки. Убаво измесете го тестото. Ако видите дека не ви се сврзува доволно, само навлажнувајте ја раката и продолжете да месите.
Тестото поделете го на два дела и секој дел обликувајте го во форма на салама, отприлика 3-4 цм. Прво измачкајте ја со малку разматената белка, а потоа испрпелајте ја во мешавината од семиња.
Сечете парчиња од 1 цм, одозгора премачкајте ги со белката и малку наросете ги со крупна сол.
Печете ги на 180 степени 12-13 мин.

Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Ростер

Ростер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови