За љубителите на сусам...прекрасни сусамови, меки, мирисни топчиња, крцкави однадвор - меки внатре.

Подготовка -
1. Се замесува тестото од сите наведени состојки, го покриваме со стреч фолија, па го завиткуваме со чаршафче и го оставаме да стаса (околу 40-на минути)
2. Од стасаното тесто формираме 20 топчиња, ги валкаме прво во белките, па во сусамот. Ги редиме во плех врз хартија за печење. Сега ја уклучуваме рерната на 220 степени, одкога ќе се достигне температурата ги ставаме да се печат околу 25 минути.
3. Во меѓувреме ја повторуваме постапката со останатиот дел од тестото (добиваме вкупно 40 топчиња како на сликата....освен ако решите да ги правите поголеми)

За крај уживајте во неодоливиот вкус и мирис на овие топчиња, послужете ги со ајвар, јогурт, сирење....по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови