16
ное
2013
Суви пиперки со јајца и пченкарно брашно
На пиперките отстранете им ги семките и ставете ги да се обарат(околу 7-10 минути).
Потоа отстранете има ја лушпата и исецкајте ги на покрупни парчиња.
Јајцата изматете ги, додајте го брашното, чилито и млекото.
Посолете и наросете малку црн бибер.
Измешајте убаво.
Во тава на оган ставете масло и додајте ги пиперките.
Кратко пропржете ги и додајте ја смесата со јајца и брашно.
Испржената смеса послужете ја со топло лебче и јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани