Степ коцки
Колач без печење, кој многу лесно и брзо се спрема, а исто лесно и брзо се јади и што е битно се добива солидна количина. Вкусот на степчињата секако дека можи да си го изберите по ваша желба, овие во заградите се само предлог. Кај мене изборот падна со вкус на капини и јаболко со лимета и беше одличен.
Ставете литар вода со 12 лажици шеќер да зоврие. Пред точката на вриење, некаде кога ќе биди 70-80 степени, додадете 12 лажици гриз и црвеното/лилаво степче од капини или кое ќе го изберете. Мешајте додека смесата ја добие потребната густина.
Тавата со големина 25х35 најпрво исплакнете ја со вода и потоа сипете ја гриз смесата во неа. Израмнете.
Веднаш ставете го пудингот да се вари. Кога е готов, веднаш додадете го маргаринот, измешајте да се растопи во него и на крај измиксирајте, па топол истурете го врз гризот во тавата.
На ист начин се вари и другата количина на гриз со степче кое ќе даде зелена или пак ако не најдете, тогаш портокалова боја. И тој, исто така, врел се истура врз пудингот во тавата.
Тавата се остава преку ноќ убаво да се стегни. Потоа се премачкува со шлаг и се сечат коцки. Шлаг можи да додадете и откако сте исекле коцки, па со шприц да ги декорирате одозгора.
* За послено сипење и сечење на колачот, особено ако не ви се чека да преноќи во фрижидер, можи да го смените редоследот на турање на смесите, односно, прво да ги направите и истурите гризовите, па пудингот и најгоре шлагот.
Лиценца: Сите права се задржани