27
дек
2021
Спирали со сусам и афион
Подготовка:
1. Се меси тесто, да не е многу тврдо, се дели на три дела. Од секој дел се сучи кора, не многу дебела, отприлика ½ цм. На кората, пред да ја сечeте, исечете ѝ ги краевите, да се добие правоаголна форма.
2. Премачкајте ја со изматено јајце една страна (за посна варијанта може со малку зашеќерена вода) нарoсете ја обилно со сусам, па преминете со сукало преку сусамот, убаво да се залепи. Префрлете ја кората од другата страна, намачкајте и посипете ја со афион.
3. Исечете ја кората на ленти, завиткајте ги и наредете ги на плех. Печете на 200 степени, 15-20 минути.
4. Направете ја истата постапка со целото тесто.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови