Испечати

Спирали со сусам и афион

Спирали со сусам и афион

Состојки

  • 300 мл бело вино
  • 300 мл масло
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • 2 пецива
  • 900-1000 гр брашно

Подготовка

Подготовка:

1. Се меси тесто, да не е многу тврдо, се дели на три дела. Од секој дел се сучи кора, не многу дебела, отприлика ½ цм. На кората, пред да ја сечeте, исечете ѝ ги краевите, да се добие правоаголна форма.

2. Премачкајте ја со изматено јајце една страна (за посна варијанта може со малку зашеќерена вода) нарoсете ја обилно со сусам, па преминете со сукало преку сусамот, убаво да се залепи. Префрлете ја кората од другата страна, намачкајте и посипете ја со афион.

3. Исечете ја кората на ленти, завиткајте ги и наредете ги на плех. Печете на 200 степени, 15-20 минути.

4. Направете ја истата постапка со целото тесто.