Специјалитет со бешамел сос
Прво се варат копаните, па откако ќе се сварат се исчистуват од коската и месото се сецка на мали парчиња.
Во тава со зејтин се пржи кромидот, габите, а потоа го додаваме и месото да се запржи и го зачинуваме со сол, вегета, црн пипери го тргнуваме од огнот.
Во друга тава го правиме бешаmел сосот. Во тавата го ставаме маргаринот, па додаваме 2 лажици големи брашно да се запржи и го додаваме млекото-матиме со лажица додека да се згусти и го тргнуваме од огнот. Одкако ќе се олади ја додаваме павлаката и мешаме со лажица.
Земаме поголема тепсија или огноотпoрен сад го премачкуваме со зејтин, ја ставаме половината од филот со месо-одозгора се става половина од бешамел сосот па рендеме кашкавал, потоа се додава другата половина од филот со месото, па пак полеваме со сосот и на крај редиме цели парчиња какшкавал.
Се пече 30 минути на 180степени
Можете да си дополните со печени компири премачкани со маргарин и сусам како кај мене на сликата
ПРОБАЈТЕ НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ-ЕПТЕН Е ВКУСЕН И МНООГУ ЗАСИТУВА
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови