1. Јајцата, путерот, шеќерот, солта и млекото добро се матат со миксер. Во друг сад се става брашното и со смесава се замесува глатко и еластично тесто. Се прекрива со еластична фолија и се остава 1 час во фрижидер.
2. Се вади тестото, се дели на 4 дела и од секој дел се сука кора со дебелина од 2-3 мм. Секоја кора се сече на резанци со ширина од 1 см.
3. На средна температура, во повеке зејтин, се пржат резанците околу 1 минутка, до златно- жолта боја. Се вадат на салветка да се исцеди зејтинот.
4. Во помал сад се растопува шеќерот да се карамелизира. Се додава медот, сокот и кората од лимонот и портокалот(предходно добро и темелно измиени), се промешува убаво и се додава мушкатното оредвче. Пак се промешува.
5. Испрженото тесто се става во длабока чинија и се прелива со топлиот шербет. Внимателно се добро се промешува за да се обложи секое парченце со шербет.
Овој убав и многу ароматичен десерт се продава во секоја слаткарница ширум Казахстан. Дури се продава и на пазарите, како и низ улиците. Пробајте го, се надевам ќе уживате!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава за пржење ; Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови