
9
авг
2022
Сочни ќофтиња во сос
Подготовка:
1. Во длабок сад се става меленото месо, јајцето, презлата и зачините. Се меси со рака и се остава да стои во фрижидер 30мин.
2. Се обликуваат топчиња и се пржат во загреано масло додека да поруменат.
3. Кога ќе се испржат кофтенцата во истото масло се додава 1,5 лажица брашно, црвен пипер, 200 мл вода и 3 лажици доматно пире. Овде се додаваат кофтенцата и заедно се варат во сосот околу 15мин. На крајот се додава магданос.Се сервира со пире, шпагети или само вака секако е одлично со салата. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани