Сочен какао кекс
Јајцата и шеќерот убаво изматете ги. Додадете го маргаринот, кој предхдно примил собна температура па и повисока. На помала брзина на миксерот додадете ги постепено и останатите состојки.
Смесата се излива во намастена тава бр 30 и се печи во загреана рерна на 200 степени, околу 20на мин. Сепак, внимавајте, секоја рерна различно печи, проверете со чепкалка.
Кога е готов, извадете го од рерна и почнете со спремање на преливот. Млекото, не затоплено се меша со шеќерот додека убаво се растопи и се прелива врз топлиот кекс. Бидејќи не е топол преливот, кексот брзо и ќе олади, па за кратко време исечете го на парчиња и послужете.
Пред сечење одозгора може да го премачкате со мармалад, со изматена шлаг пена или како во овој случај-веднаш после преливањето на кексот го премачкав со неразматена слатка павлака. Доколку ставате шлаг пена или пак се одлучите павлаката сепак да ја изматите, премачкајте го откако убаво ќе олади.
Преливот со засладено млеко како и аромата која дискретно ја дава кокосот во комбинација со какаото, овој кекс го прави неодолив и од срце ви го препорачувам да го пробате. Рецептот е комбинација на 2 мои многу драги и долгогодишни рецепти уште од времето на моите тин години, кои се уште со задоволство котираат меѓу нашите десертни посластици.
Лиценца: Сите права се задржани
Дианче, да ја пробаш, ако е едноставен, навистина е вкусен. Дека последно често правам благи работи посебно, си имам навика дел и на комшиите да им носам. Од ова син ми не ми дозволи да давам :))) рече цело за него:) а керката не беше дома тој викенд и на сликите му се фалеше што јадел да види:)
Лили, ова одозгора беше експерименталка. Откако го налеав млекото, си помислив оти место млеко не ставив слатка павлака да видам како ќе биди. Имав од таа хоплата од кило уште малку и решив после тоа да ја истурам одозгора веднаш по преливањето и очекував дека ќе се упие во кексот. Но остана вака. Веројатно, можеби дека беше при крај, па погуста. А можи имаше врска и кората што е одозгора да не му дозволи, или како горе е постапката на топол кекс ладно млеко и веднаш после ова со хоплата температурата, коегзистенцијата не сакаше да го прими... навистина не знам. но, и други ретки пати сум мачкала нетретирана павлака на други работи, сеедно неутрална или слатка и за чудо стои вака :)))... но секогаш во турањето си има густина, не е многу течна. Како и да е, ме спаси од матење шлаг или мачкање нешто друго :))) оти и без ништо одозгора нам не ни смета да го снема за брзо :)