Испечати

Сочен какао кекс

Сочен какао кекс

Состојки

  • 4 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 100 мл млеко
  • 100 гр маргарин
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 3 лажици кокос
  • 2 лажици какао
  • 200 гр брашно
  • За преливање
  • 1 шолја млеко
  • 4 лажици шеќер

Подготовка

Јајцата и шеќерот убаво изматете ги. Додадете го маргаринот, кој предхдно примил собна температура па и повисока. На помала брзина на миксерот додадете ги постепено и останатите состојки.
Смесата се излива во намастена тава бр 30 и се печи во загреана рерна на 200 степени, околу 20на мин. Сепак, внимавајте, секоја рерна различно печи, проверете со чепкалка.

Кога е готов, извадете го од рерна и почнете со спремање на преливот. Млекото, не затоплено се меша со шеќерот додека убаво се растопи и се прелива врз топлиот кекс. Бидејќи не е топол преливот, кексот брзо и ќе олади, па за кратко време исечете го на парчиња и послужете.

Пред сечење одозгора може да го премачкате со мармалад, со изматена шлаг пена или како во овој случај-веднаш после преливањето на кексот го премачкав со неразматена слатка павлака. Доколку ставате шлаг пена или пак се одлучите павлаката сепак да ја изматите, премачкајте го откако убаво ќе олади.
Преливот со засладено млеко како и аромата која дискретно ја дава кокосот во комбинација со какаото, овој кекс го прави неодолив и од срце ви го препорачувам да го пробате. Рецептот е комбинација на 2 мои многу драги и долгогодишни рецепти уште од времето на моите тин години, кои се уште со задоволство котираат меѓу нашите десертни посластици.