Подготовка на палачинките
1. Се матат сите состојки за палачинките, но се остава смесата малку погуста од обично, нешто слично како густ јогурт
2. Се пржат палачинките и откако ќе се изладат, се филуваат
3. Јас ги редев на следниов начин - ги премачкував со урда и мајонез и врз тоа редев сечкано или рендано варено јајце, кашкавал сечен на лентички, шунка и врат исто така сечкан на лентички и сечкани маслинки на месечинки, а најозгора посипував малку оригано. Ги виткав во ролнички

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани