Испечати

Солени сувомесни палачинки

Солени сувомесни палачинки

Состојки

  • За палачинките
  • 3 јајца
  • 100 мл млеко
  • 50 мл масло за јадење
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • 300-350 гр брашно
  • по потреба вода
  • за Филување
  • по потреба/желба солен фил - кашкавал, сувомеснато, урда, мајонез, варено јајце

Подготовка

Подготовка на палачинките
1. Се матат сите состојки за палачинките, но се остава смесата малку погуста од обично, нешто слично како густ јогурт
2. Се пржат палачинките и откако ќе се изладат, се филуваат
3. Јас ги редев на следниов начин - ги премачкував со урда и мајонез и врз тоа редев сечкано или рендано варено јајце, кашкавал сечен на лентички, шунка и врат исто така сечкан на лентички и сечкани маслинки на месечинки, а најозгора посипував малку оригано. Ги виткав во ролнички