Се прави тестото за палачинки и се пржат од двете страни. Ставете ги готовите палачинки на страна и подгответе го филот.

Фил.
Се пропржува кромидот на масло и потоа се додава ренданиот морков. Откако убаво ќе се пропржат додадете го меленото месо. Оставете да се испржи и месото. На крај зачинете со сол, оригано, куркума и малку кориандер.
Се зема една палачинка и на крајот се става од филот и фрз филот посипете по малку кечап. Се завртуваат страничните страни и се мота во ролна, исто се прави и со останатите палачинки. Кога се сите замотани наредете ги во плехче. Одозгора се полива со разматените јајца и хопла. Печете на 200 С додека не поцрвени.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови