Солени ружици
Си ги разгледав рецептите... Нема јас да бидам единствена што нема рецепт за кифлици на оваа страна...
Замесете сосема мазно тесто од наведените состојки. Јас квасец претходно не ставам да се активира, месам се одеднаш, ама вие направете на ваш начин. Како да е, на крај да имате сосем еластично и мазно тесто. Оставете го да стаса додека да се удвои.
Додека тестото стасува, запржете го кромидот исецкан на сосема ситни коцки додека да стане стаклест, додајте го меленото месо и пржете мешајки додека добие убава боја, посолете и побиберете.
Тргнете од оган. Додајте ги исецканите пиперки од туршија, маслинките, сенфот, кечапот, магдоносот, дотерајте го вкусот и оставете да се пролади. Во млако измешајте 1 јајце. Оставете на страна.
Тестото поделете го на 4 дела и расучете правоаголни кори со дебелина околу пола сантиметар. Премачкајте со 1/4 од филот и завиткајте ролат. Довршете со остатокот тесто и фил.
Секој ролат премачкајте го со јајце од сите страни и посипете го со сусам. Исечете со конец или нож на парчина дебели колку прст, па редете ги во плех на хартија. Одозгора ставете по една коцкичка путер.
Додека стасуваат ружиците, загрејте ја рерната на 200 Ц.
Откако стасале, печете ги 15 - 20 мин, или додека не заруменат.
За мајка ми Ружица, нејзиниот омилен рецепт за кифлици....
Лиценца: Сите права се задржани
исто и палачинките на Кате
исто и палачинките на Кате
Некој ќе помисли некој вид готвачка дрога е
Peace sisters,peace!!!
P.S.Лили смеј се ти,смеј се,јас од твојот ручек јадев :))))))))
А само што помислив дека сезоната на баклави мина
A ti i tuka i na jadenje???
Nesto cudno, ili pred ekran jades?
Кој знае кога ќе ни затреба за трезнење од еррори
CESTITKI
Cestitki!
Fala ti mnogu :)))