Солена торта со печурки
Убава декоративна солена торта.
Лесна за подготовка, а вкусна за јадење.
Во сад за матење ги миксираме јајцата додека не добиеме пенеста смеса. Додаваме масло брашно, павлака и пециво.
Промешуваме и ја додаваме ситно сецканата блитва.
Додадете и малку прехрамбена боја, ако не ви испадне доволно зелена смесата.
( не е задолжително )
Во тавата ставете хартија за печење и посипете ја смесата врз неа.
Печете кратко во загреана рерна.
Испечениот пандишпан го оставаме да излади, па го сечеме на три ленти по должина.
Да го подготвиме и филот
Крем сирењето го пасираме заедно со фета сирењето.
Додаваме павлака и мешаме.
Зачинуваме со зачините.
Јас ги пишувам зачинките како што оди оригинална рецептата Вие додадете си ако сметате да е потребно уште нешто.
На страна во дуг сад разматете го желатинот со 2 лажици жешка вода. Откако ќе ја соедините смесата добро додадете во желатинот една лажица павлака и промешајте добро. Доставете го желатинот во крем сирењето.
Исецканите печурки додадете ги во филот и убаво промешајте се да се соедини.
Ако користите свежи печурки, прво ставете да динстаат.
Е сега ја филуваме солената торта.
ред пандишпан, ред фил. Така два реда, а третиот го оставаме не намачкан.
Јас изматив концентрирана павлака без засладувач. Ја оставив во ладилник па ја изматив и декорирав. начи кога стасавме кај декорацијата, оставам на вашата фантазија. Јас ги употребив солените рафаело бомбици.
На здравје со прекрасната солена торта.
Забелешка
Не напоменав дека обавезно треба солената торта да отстои во ладилник. Откако ќе се добро излади и соедини филот со пандишпанот, сечете на коцки и декорирајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови