Подготовка

1. Со жица за матење изматете ги убаво јајцата со прстофат сол. Со постојано мешање, во млаз, додајте ги млекото и маслото. На крај додајте го грана сирењето, просеаното брашно и пециво.
Измешајте ја убаво смесата

2. Калапот во кој ќе печете(28цм) премачкајте го со малку масло. Ставете ја смесата во калапот и убаво израмнете. Печете на 180 степени, 25 минути(или зависно од рерната).

3. Оставете убаво да се олади во калапот, а потоа со помош на чинија превртете ја тортата. Премачкајте со крем сирењето.

4. Одозгора нанесете ја руколата, мини моцарелата, маслинките и доматот. Сосема малку одозгора попрскајте со маслиново масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани