Солена компир торта
Ми пиша другарка ми дека видела некој рецепт на интернет, ама јас сум морала да го пробам и да ѝ кажам дали е добар. Побарав линк, ама добив прераскажување на рецептот.
Го направив и не ја викнав. Ѝ го прераскажав.
Лесно е, брзо е, вкусно е.
Компирите се варат, лупат и пасираат или блендираат во убава смеса. Се додава јајцето и путерот и половина од смесата се сипа во калапче.
Калапчето е премачкано со масло или маргарин/путер и убаво поросено со презла и по страните.
Над половината смеса компири се додава убаво рендан кашкавал. Ова е најважно, се друго е по желба.
Јас додадов и кајмак, а следниот пат ќе додадам свежи пржени печурки.
Над филот се сипа втората половина од пирето и убаво се поросува со презла.
Се пече во загреана рерна на 200 окулу 20-30 мин, зависи од рерната. Презлата треба да добие убава златна боја.
Е па од мене толку. За впечатоци да ја прашате другарка ми да ви ги прераскаже, м?
Се шегувам де.
Го пробавме и ладно и топло. Ако сте на диета јадете го ладно, бидејки кога е топло е лудница и самиот вкус те тера да го јадеш без престан.
Поубаво е ако компирите ги варите со лушпа. Така ќе примат помалку вода и погусто ќе биде тестото.
За да биде подекоративно пресечено може да се додаде и нешто зелено во филот.
За полесно да биде за послужување, може да го приготвувате и во калап со обрач, па само да се извади обрачот кога ќе биде готово.
Лиценца: Сите права се задржани
Izgleda mnogu ubavo-jas sekogas velam ubavinata e vo ednostavnosta:)
текстурата на тестото не се менува нешто многу многу со печењето, така да која густина и текстура ќе ја направите или добиете од пирето, таа ќе ја има :)
одам да хранам фамилија. оги синко почна да ја глода наткасната за телевизорот. ќе се вадиме дека го чешаат забите :) :) :) :)