Декоративни и лесни за изработка, а многу украсни и вкусни Божиќни колачиња.

1. Брашното, киселата вода, шеќерот, содата, зачините и црвената боја ги мешаме со миксер и до половина ги полниме калапите за мафини. Додаваме во средина по 1 мала лажичка мармалад, па потоа ги дополнуваме со смесата. Ги печеме на 200 степени.
2. Слатката павлака ја матиме, ја делиме на две и во едната половина додаваме зелена прехрамбена боја.
3. Ги украсуваме мафините со шприц.
4. Топиме бела чоколада на најтивок оган и со неа полниме една кесичка и ја отсекуваме со многу мал отвор. На мрсна хартија (јас користев хартија за печење) формираме елки и снешко или каква форма сакаме. Истото го правиме и со црното чоколадо. Веднаш ставаме, украсни перли и топчиња. Ги оставаме да се изладат. Потоа ги редиме на мафините.

Забелешка
Чашите се од 150 мл. Украсите за мафините најдобро е да ги направите први и да ви бидат спремни за украсување на мафините.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови