Снежни мафини

Состојки
- 2 чаши шеќер
 - 2 чаши кисела вода
 - 3 чаши брашно
 - 1 лажиче сода бикарбона
 - 1/2 лажиче мелено каранфилче
 - 10 гр цимет
 - 5 лажици мешан мармалад
 - 250 мл слатка павлака
 - 100 гр бела чоколада
 - украсни перли, топчиња, ситни бомбончиња
 - 30 гр црно чоколадо
 - црвена и зелена прехрамбена боја
 
Подготовка
Декоративни и лесни за изработка, а многу украсни и вкусни Божиќни колачиња.
1. Брашното, киселата вода, шеќерот, содата, зачините и црвената боја ги мешаме со миксер и до половина ги полниме калапите за мафини. Додаваме во средина по 1 мала лажичка мармалад, па потоа ги дополнуваме со смесата. Ги печеме на 200 степени.
 2. Слатката павлака ја матиме, ја делиме на две и во едната половина додаваме зелена прехрамбена боја.
 3. Ги украсуваме мафините со шприц.
 4. Топиме бела чоколада на најтивок оган и со неа полниме една кесичка и ја отсекуваме со многу мал отвор. На мрсна хартија (јас користев хартија за печење) формираме елки и снешко или каква форма сакаме. Истото го правиме и со црното чоколадо. Веднаш ставаме, украсни перли и топчиња. Ги оставаме да се изладат. Потоа ги редиме на мафините.
Забелешка
 Чашите се од 150 мл. Украсите за мафините најдобро е да ги направите први и да ви бидат спремни за украсување на мафините.