Слатко од трендафили
Ова слатко го правев во мај, тогаш му е времето и е нешто преубаво... Сега знам зошто го памтам слаткото на баба ми...
Дојде некое ново време кога е реткост да се најдат некалемени трендафили, а и без отрови...
За ова слатко потребни се мајски некалемени трендафили со колку е можно помалку третмани за опстанок.
Може само розеви, а може и црвени, јас направив мешано и сеуште не можам да поверувам колку е убав спектарот од бои кои се прелеваат од розе преку килибар, до црвено...
1. Отстранете им ги дршките и средината, измијте ги, еден дел од ливчињата исечете на парченца
2. Ставете ги да се варат до 20 минути
3. Додадете го шеќерот и сок од лимони
4. Веднаш ќе почне да се менува бојата штом го додадете шеќерот и лимоните. Варете на тивко, отстранувајте ја пената.
5. Кога шербетот ќе почне да се влече како конец, додадете уште еден лимон и слаткото е готово...
6. Сипајте го во врели тегли и затворете ги
Мирисот на трендафилите од едно друго време, засекогаш ќе биде дел од нас и затоа ова слатко кое нé потсетува на тоа време, треба да го сочуваме од заборавот.
Порано немало лимони како денес, се користел лимонтусот.
Јас секогаш ставам лимони, ретко користам лимонтус, одберете сами.
Ова преубаво слатко доколку можете, нека секој мај ви биде на трпезата, барем колку за убавите спомени...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Благодарност до тимот од срце !
Ова е кога го збирав, касно по полноќ...
денес ќе се обидам дневна слика од веќе собрано да направам...
Како и да е, колку и да утнав, сепак ова беше едно интересно искуство за мене. Фала ти за споделениот рецепт, се надевам дека следен пат ќе го направам барем приближно како твоето :)
Mene mi e mnogu maka sto ne mozam lesno da najdam neprskani rozi, pak ke napravev... Inaku nema potreba od tolku varenje, zatoa i bojata se smenila... Nemam ni jas ne znam kakvo iskustvo, poveke e sreka, izleze epten ubavo togas... Koj ni e kriv sto nekoi recepti ne sme si gi barale do detal od nasite babi, a se preskoknati od nasite majki, zaradi novoto vreme... Ete i sokot, mora da ima nekoj shtos, sto da se pravi koga nema sonce...Aj dogodina ke bide poubavo, vazno imate rozi vo MK