
Слатко од моркови
Еве еден постар рецепт, кој одамна го немав подготвено. Оваа година мојата колекција од слатка ја збогатив со уште еден вид - тоа е слаткото од моркови.
 Одиме со начинот на подготовка.
 Најпрво ги миеме добро морковите и ги сецкаме на тркалца.
 Зависи од морковот, ако е убаво чист не мора да се лупи, но ако има оние тенки темни линии, излупете го.
 Откако ги исецкавме на тркалца морковите ги ставаме да извријат во 4 води.
 Ги цедиме после четвртото вриење и додаваме ладна вода и лимонтуси.
 Така ги оставаме да отстојат 24 часа.
 После 24 часа, настрана во сад вариме шербет кој се состои од иста количина на шеќер и вода.
 Шербетот врие убаво и ги додаваме цедените моркови.
 Вариме додека шербетот не ја добие потребната густина, а морковите не омекнат.
 Обично слатката се собираат ладни, а ова слатко дозволува и да се собере топло.
 Бојата му е прекрасно кристална, чиниш дека се желе бонбончиња.
 На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови































