Слатко од капини на два начини
Прв начин
Капините се мијат внимателно, најдобро во голема цедалка да се потопуваат во вода и да се отцедуваат. Потоа во тенџерето каде ќе го варите слаткото редете ред капини, ред шеќер и обавезно завршете со шеќер. Оставете ги да отстојат, најдобро преку ноќ, а за тоа време ќе пуштат сок. Ставете ги да се варат на средно јак оган.
Варете додека не се згусне доволно шербетот. Извадете на чинивче од шербетот, оставете го да се олади и видете дали е доволно густо.
Кога е готово слаткото внимателно извадете ја пената и покријте го со мокра крпа. Оставете го вака до следниот ден, па соберете го во тегли.
Втор начин
Во тенџерето ставете го шеќерот со 400 мл вода и сварете редок сируп. Треба да врие околу 10 минути. Потоа додадете ги измиените капини и варете додека не се згусне, па продолжете со подготовката како што е опишано горе.
Уште нешто... Јас годинава одвоив дел од свареното слатко, го изблендирав и го собрав жешко во тегли. Така добив и слатко и џем со едно варење.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Prekrasno ti ispadnalo slatkoto!