Слатко лепче со боровинки
Квасецот се става во затоплено млеко и се остатва настрана.
Во еден сад се ставаат јајцата и шеќерот и солта и се матат со вилушка потоа се додава стопениот путер, млекото со квасецот и кардамонот, потоа постепено се додава брашното.
Тестото се остава на топло за 1 час.
Боровинките се ставаат во еден сад им се додава кората од еден портокал, сокот од половина портокал и шеќерот, боровинките се пасираат со вилушка, при што да останат и цели боровинки.
Готовото тесто се става на набрашнета површина и се растегнува со прсти (малку поголемо од лист А4).
Потоа филот се става одозгора и се распоредува по целата површина на тестото. Тестото се завиткува под формата на плик, потоа се притиска со прсти.
Тестото се дели на 10-12 дела кои што еден по еден се растегнуваат на околу 20 цм. и се завиткуваат во полжавчиња, се редат во тава за печење и одозгора се поросуваат со шеќер.
Се оставаат уште половина час на топло и се печат на 180-200 степени за 30 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови