14
авг
2014
Слатко од боровинки
Боровинките ги миеме и ги цедиме. Ставаме ред шеќер, ред боровинки и може да ги оставите неколку часа во фрижидер да пуштат сок.
Јас сум постојано во недостаток на време, па оваа тура воопшто не ја оставив да пушти сок, едноставно веднаш ги ставив да вријат на оган.
Потребно е да се варат 20 минути, при што на почетокот на варење им ставив сок од 1 лимон, а по 20 те минути им ставив 2-3 кришки лимон и ги варев уште 5 минути.
Жешко се става во тегла. Полесно здравје и лаик може да си направи вакво слатко.
Можете и повеќе шеќер да ставите, ако сакате поблаго да ви биде слаткото.
Излегува една тегла од 750 гр.
Лиценца: Сите права се задржани