9
јул
2016
Мафини со слатко од боровинки (посно)
Мафини кои се лесни и вкусни, погодни за заблажување во посни денови.
Подготовка
1. Ги мериме состојките, ги соединуваме со лажица во еден сад.
2. Ги редиме хартиените корпи за мафини во калапите за мафини.
3. Секое го полниме 3/4 од висината. Ги печеме на 200 степени.
4. Откако ќе се испечат можете да ги посипете со шеќер во прав.
Забелешка
Чашата е од 250 мл.Можете да си ставите и друг вид на мармалад или слатко, ако немате вакво. Ги печев околу 15 минути во рерна со вклучен вентилатор. Пробајте со чепкалка дали се готови. Во некои од нив за да бидат посочни и побогати додавав и по една лажичка дополнително во средината од слаткото од боровинки, пред печење.