Слатко-кисел прилог од цвекло - Beetroot chutney
Во една кулинарска игра имавме задача да спремиме изненадување од рецепти на новиот ЦЦ, јас покрај рецептот на Смики Стеф за лиснатите погачки со компир - разгледувајки ги нејзините рецепти - реков ЈЕС - еве нешто што сосема ми одговара - ги сакам јас овие вкусови. Останав пре-презадоволна, со дозвола на шефот... еве го овде сега рецептот.
Постапка
- Цвеклото добро измиено сварете го, но пазете да не го преварите. Извадете, нека е оладено колку да можете да го држите во рацете и да го истото излупите. Исецкајте го на коцки, ставете во садот во кој ќе го варите овој прекрасен додаток.
- Јаболката и кромидот излупете и исецкајте исто така на коцки - додадете кај цвеклото.
- Одмерете го шеќерот, солта, ѓумбирот, сувото грозје и додадете кај цвеклото.
- Додадете го и винскиот оцет.
- Поклопете го тенџерето и ставете на оган нека проврие. Кога добро почнало да врие одклопете го, намалете огнот на ниска температура, нека вари на тивко најмногу 1 час, до речиси испарување на течноста.
- Повремено пробркувајте
- Топло соберете во теглите, затворете, чувајте кај останатата зимница, на ладно и темно место.
- Одличен додаток кон печеното месо
Напомена
- По втор пат го правам.Срамота да кажам можеби нема да верувате за мене не мора да има печење, го јадам како слатко, на топло лепче., со компир печен, ма превкусен е. Вториот пат го правев со кафен шеќер, ставив и малку свеж ѓумбир кој исто така го исецкав на коцки. Моја порака за вас е само храбро и напред. Да не ви смета кромидот во состојките, не се чувствува воопшто, напротив, дава солиден шмек.
Би сакала да уживате во овој спој на вкусови колку и јас... Смики Стеф - јас ти се поклонувам за овој рецепт!
Лиценца: Сите права се задржани