Слатки прженици од гриз
Најпрво го правиме шербетот..
Во сад на оган го ставаме шеќерот, водата, рендана кора од лимон и оставаме да зоврие, го оставаме уште 2,3 минути и го тргаме шербетот да се олади.
Го спремаме тесто.
Во тава го топиме маргаринот и ставаме 1,5 чаши гриз го пржиме со непрекинато мешање до светло златеста боја, а потоа го додаваме млекото и мешаме додека не се згусти и почне да се одлепува од тавата со мешање да биде како тесто. Се остава да олади и оладеното тесто го матиме со миксер со перките за тесто и ги додаваме едно по едно јајцата и преостанатата половина чаша гриз.
Го ставаме масото за пржење да се загрее потоа со мала лажичка вадиме од тестото и пуштаме во маслото да се пржат. Кога ќе се вцрват ги вадиме со решеткаста лажица и ги пуштаме во оладен шербет на кратко бидејки бргу впиват шербет и ги вадиме во друга чинија.
Напомена.
Најдобро за подготовка на тестото да користите тава што не лепи по можност Делимано. Јас во овој случај ја искористив Касеролата на Делимано.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови