Испечати

Слатки прженици од гриз

Слатки прженици од гриз

Состојки

  • 125 гр маргарин
  • 2 чаши(200гр) гриз
  • 2 чаши млеко
  • 3 јајца
  • за шербет
  • 2,5 чаши шеќер
  • 3 чаши вода
  • 1 кора од лимон
  • за пржење
  • по потреба масло

Подготовка

Најпрво го правиме шербетот..
Во сад на оган го ставаме шеќерот, водата, рендана кора од лимон и  оставаме да зоврие, го оставаме уште 2,3 минути и го тргаме шербетот да се олади.

Го спремаме тесто.
Во тава го топиме маргаринот и ставаме 1,5 чаши гриз го пржиме со непрекинато мешање до светло златеста боја, а потоа го додаваме млекото и мешаме додека не се згусти и почне да се одлепува од тавата со мешање да биде како тесто. Се остава да олади и оладеното тесто го матиме со миксер со перките за тесто и ги додаваме едно по едно јајцата и преостанатата половина чаша гриз.

Го ставаме масото за пржење да се загрее потоа со мала лажичка вадиме од тестото и пуштаме во маслото да се пржат. Кога ќе се вцрват ги вадиме со решеткаста лажица и ги пуштаме во оладен шербет на кратко бидејки бргу впиват шербет и ги вадиме во друга чинија.

Напомена.
Најдобро за подготовка на тестото да користите тава што не лепи по можност Делимано. Јас во овој случај ја искористив Касеролата на Делимано.