Овие крофни ме потсетуваат на мојата вујна. Кога одевме на гости често ни ги правеше, а јас не можев да им се изнајадам. Прашав за рецепт, па тогаш или ме сметаше за мала да ги правам или навистина како и повеќето постари ги правеше „одприлика“. Покасно, кога „подизрастив“ си го најдов овој рецепт запишан по мерка кој е многу сличен, да не речам ист, затоа што сеќавањето на вујнините секогаш ќе биди на прво место Ч)

Се прават многу брзо и лесно. Едноставно сите состојки измешајте ги, од кои брашното секако ќе го додавате на крај и направете едно тесто, кое ќе го расукате на работната маса со дебелина од 0,5-0,7см во зависност од тоа колку сакате да ви се дебели.
Сечете со чаши, една поголема во пречник и една ракиена. Пржете ги во врело масло загреано на умерена температура.
Готовите крофни одложете ги на хартиена салвета за да се впие вишокот на мрснотија и служете ги веднаш. Доколу по некое чудо ви останат и ладни се одлични.
Нам ни се најубави вака без ништо, а вие ако сакате уште поблаги попрскајте ги со шеќер во прав, јадете ги со нутела или некој омилен крем или едноставно можете и со кафе... Бон апетит!
Напомена
Брашното се додава ОБАВЕЗНО НА КРАЈ, така да, можеби ќе потрошите минимално повеќе или помалку, во зависност од тоа колку се длабоки лажиците и колку ги полните. Во случајов се препорачива најмногу што може да собери од сите мерки кои се наведени во лажица.
И уште една напомена за понеискусните која јас најчесто ја применувам, зависно и не зависно од рецептот...
Секогаш додавајте брашно на крај. Така секогаш ќе бидите сигурни колку треба да впие самото тесто, или ненамерно се направи грешка во понудениот рецепт.
***Брашно треба приближно до 450 гр, извинување до сите за погрешно наведените мерки во состојки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани