Се замесува тесто од состојките и се остава 30 мин на топло. Потоа се сука кора дебела од 1,5 до 2 см и со чаша се вадат форми кои се редат во послужавник со брашно и се оставаат да стасаат.
Крофните се пржат во длабок сад со масло.

Чоколадниот прелив се добива со растопување на 100 гр чоколадо за готвење, во кој се додава 70 гр путер и 1 јајце. Преливот се добива со миксање и во него се потопуваат крофните од едната страна.
Крофните можат да се декорираат и со шеќер во прав.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови