Во длабок сад ги ставаме јајцата,а потоа ги додаваме млекото,водата,ванилата,зејтинот,шеќерот,квасецот и мешаме со лажица додека се соединат сите состојки.Потоа го додаваме брашното и месиме.Тестото го оставаме да нарасне околу 40 мин или додека се дуплира во големина.Ги размесуваме уште еднаш и ги оставаме уште 20 мин. Сукаме кора со дебелина од 1 см и со чаша ги формираме крофните. На загреан зејтин ги пржиме крофните 3-4 мин од едната страна а потоа ги вртиме од другата страна. Пржените крофни ги валкаме во шеќер во прав, а потоа ги преливаме со чоколаден прелив.ДОБАР АПЕТИТ

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови