Слатки крцкави крофни
Овие крофни ме потсетуваат на мојата вујна. Кога одевме на гости често ни ги правеше, а јас не можев да им се изнајадам. Прашав за рецепт, па тогаш или ме сметаше за мала да ги правам или навистина како и повеќето постари ги правеше „одприлика“. Покасно, кога „подизрастив“ си го најдов овој рецепт запишан по мерка кој е многу сличен, да не речам ист, затоа што сеќавањето на вујнините секогаш ќе биди на прво место Ч)
Се прават многу брзо и лесно. Едноставно сите состојки измешајте ги, од кои брашното секако ќе го додавате на крај и направете едно тесто, кое ќе го расукате на работната маса со дебелина од 0,5-0,7см во зависност од тоа колку сакате да ви се дебели.
Сечете со чаши, една поголема во пречник и една ракиена. Пржете ги во врело масло загреано на умерена температура.
Готовите крофни одложете ги на хартиена салвета за да се впие вишокот на мрснотија и служете ги веднаш. Доколу по некое чудо ви останат и ладни се одлични.
Нам ни се најубави вака без ништо, а вие ако сакате уште поблаги попрскајте ги со шеќер во прав, јадете ги со нутела или некој омилен крем или едноставно можете и со кафе... Бон апетит!
Напомена
Брашното се додава ОБАВЕЗНО НА КРАЈ, така да, можеби ќе потрошите минимално повеќе или помалку, во зависност од тоа колку се длабоки лажиците и колку ги полните. Во случајов се препорачива најмногу што може да собери од сите мерки кои се наведени во лажица.
И уште една напомена за понеискусните која јас најчесто ја применувам, зависно и не зависно од рецептот...
Секогаш додавајте брашно на крај. Така секогаш ќе бидите сигурни колку треба да впие самото тесто, или ненамерно се направи грешка во понудениот рецепт.
***Брашно треба приближно до 450 гр, извинување до сите за погрешно наведените мерки во состојки.
Лиценца: Сите права се задржани
Ете, Лили, денес на крофни ни тргна :)))
П.С. Оди кај невена питата со сирење и види ги сликите ;)
Baska slikite super se :)))
Внимателно го прочитав рецептот... нема лутиш нели??? Ма никако неможам да ги спојам состојките односно да сум појасна- таа количина на течните состојки никако не соодејствува со брашното , ама никако... ако е грешно напишано исправи си ја грешката... оти имам рецепт за вакво нешто што незначи дека мора да е ист, но сепак... што е многу брашно за тие течните состојки...многу е, - Поздрав!!!
Засега ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Посочено е и во содржината на самиот рецепт. Брашното додавајте го на крај. Постепено додека има потреба од него. Тестото треба да дојди како во првата слика.
Се извинувам на сите поради ненамерно пропуштеното образложение и во скоро време (за оние понеискусните) мерката со брашно ќе биди точно измерена на вага.
Големо поздравче до сите! :)
Emma, drago mi e sto vo meguvreme odlicno si se snasla so spornata sostojka, duri i si eksperimentirala solena varijanta. nikogas ne sum gi pomislila ovie krofni soleni. super ideja, ke gi probam i taka, fala ti. posebno mi e drago toa sto ti se dopadnale. fala ti za toa sto pokraj se gi isproba i go spodeli svoeto mislenje ovdeka, pozdav4e :)
Majuska, Delimano vagata e zakon hehe nema mrdanje ;) mozi samo lazicite ako ti se pomali da ti izbegaat nekoi 20-30 grama :))) nekoj rece tecnosta ne se prepolnuvala, ama kaj mene dur ne prokipi ne idi sledno broenje ;) i bas da gi napravis da vidime dali e ista Delimano vagata haha da ne meri vo Skopje poinaku ;) (se salam) pozdrav4e i do tebe!
Поздрав до сите вас !!!