20
јан
2013
Слатка салама
1. Листовите обланди се ставаат во влажна крпа да омекнат додека го приготвуваме филот.
2. Шеќерот, какото, водата и чоколадата се ставаат на оган се додека не се растопи чоколадата и сите состојки не станат една смеса.
3. Во подлабок сад се ставаат останатите намирници и кога претходната смеса е готова се прелеваат намирниците. Сето тоа добро се меша.
4. Го делиме филот на два еднакви дела, го распоредуваме на крајот од обландата и завиткуваме во ролат.
5. Убаво го виткаме ролатот и го оставаме да се излади.
6. Сечеме на парчиња и сервираме.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови