Овој прекрасен десерт се прави многу брзо и лесно, но има една лоша страна.
Кога ќе почнете да го јадете, нема да можете да престанете.

Водата и шеќерот ставете ги во тенџере, кое не мора да биде големо и длабоко, колку да ви собере се, а лесно да измешате подоцна.
Откако ќе се истопи шеќерот продолжете да варите, за да се добие убав, но не прегуст шербет.

Потоа додадете ги мелените ореви и сокот од лимонот. Варете уште кратко, колку да се прави „пат“ во смесата дури ја мешате и тргнете ја од оган. На крај ставете го исецканото желе.

Вака добиената смеса може да ја обликувате веднаш или да ја оставите претходно да се олади.
Јас веднаш ја ставам на проѕирна фолија и ја обликувам во вид на салама.

Откако сосема ќе се олади, ставете го десертот во замрзнувач. Најдобро е да одстои до наредниот ден, бидејќи така многу полесно се сече. Користете остро ноже, со тенко сечило за да не ви се сплескуваат парчињата.

Може дополнително да го декорирате со мелени ореви, но мене ми беше сосема доволно и без тоа.

Повелете,заблажете се!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови