Слатка салама со бисквити
Во тенџере на огна ставете го млекото и шеќерот. Оставете го шеќерот да се растопи. За тоа време искршете ги бисквитите на поситни коцки, а обландите ставте ги меѓу две крпи навлажнети со вода. Во млекото и шеќерот ставете го маргаринот и чоколадата на коцки. Оствете да зоврие.
Откако зоврело со него прелијте ги бисквитите и измешајте со лажица се да се соедини, во зависното од бисквите можеби ќе треба повеќе или помалку млеко-смесата не треба да биде премека ниту пак пресува.
Филот поделете го на 3 дела и филувајте ги обландите поддеднакво исто и рамномерно. Најдобро е на почетокот да ставите малку повеќе. Завиткајте ролна цврсто стегајќи. Оставете ги 2 часа или повеќе во фрижидер да се оладат и стегната, а потоа сечете коси или прави парчиња.
Од една салама излегуват 30 парчиња од околу 1 см. Дел од саламата може да одделетите и да замрзните.
Немој многу да ги навлажнувате обландите бидејќи ќе ви бидат многу тегави и жилави, а и од топлиот фил + ќе омекнат. Натопете ги колку да се може да се виткаат.
За една салама
200 гр. бисквити
200-250 мл. млеко
80 гр. маргарин
2-3 лажици шеќер
30 гр. чоколада.
1 лист обланда
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови