За корите
Маргаринот ставете го во подлабок(повисок) сад и миксирајте го со шеќерот додека се добие кремаста смеса. Додадете ги јајцата и продолжете да миксирате. Кога е изедначено, ставете ги останатите состојки и замесете убаво, мазно тесто(со раце). Ставете го во фрижидер 1 час.(не мора.).
Може веднаш да се развлекуваат кори(така правам јас). Поделете го тестото на 4 делови(еднакви).
Развлечете кора голема колку плехот(од рерна - 32х39.). Може да разавлекувате кора помеѓу две парчиња хартија за печење.
Посипете ја малку со брашно ако ви се чини дека ќе лепи, заролајте ја на сукало и префрлете на опачината на плехот побрашнет или на хартија за печење. Ставете да се печи на 200 степени 5-7 мин. Не смеат да се препечат. Готови се кога краевите ќе заруменуваат. Не грижете се дека ќе останат бели такви треба да бидат.
Внимателно отстранете ги краевите од плехот и префрлете на чиста крпа или хартија за печење да се олади.Така направете со останатите кори. Не ставајте ги една врз друга друга бидејќи можат да ви се скршат. Кога ќе ги ваѓате ќе бидат тврди како камења, затоа внимавајте да не се скршат. Кога сите кори се оладени почнете да ги филувате. Внимавајте кога ќе ги земате.

За фил
Најдобро филот да се направи пред да почнете со подготовката на корите, за подобро да се олади.

Одеделете 250 мл. млеко од 1500 мл. Останатото ставете го во тенџере на среден оган да почнете да се поткрева. Во останатото млеко разматете ги брашното, густинот, шеќерот и какаото. Мешајте додека се спои и се растопи шеќерот(шеќерот може да се стави заедно со останатото млеко), тоа во тенџерето)). Кога млекото е почнато по малку да зоврива полека сипувајте ја смесата(разматената) и мешајте додека се згусти. Покријте го садот со најлонска фолија да не фати кора. Кога е оладен филот(1-2 часа). Во сад изматете го маргаринот додека добие убава кремаста смеса, во него додајте го филот и миксирајте со миксер додека се спои и се добие кремаста структура.

Редослед на редење
Кора, фил, кора, фил, кора, фил, кора, глазура. Кога ќе ја ставите последната кора покријте ја со малку влажна крпа и ставете нешто тешко(на пр. плех). Ставете го во фрижидер да се залепат убаво корите. Прелијте ја со глазура ставете ја да се стегне во фрижидер(30 мин.) Сечете ја на парчиња.

Глазура
Стопете ја чоколадата на пареа и додадете го маслото или павлаката. Измешајте и прелијте.

ЗАБЕЛЕШКА
Јас заборавив да ставам нешто тешко на последната кора затоа после се беше свиткала нагоре(не заборавајте да ставите нешто тешко за да се залепат убаво). Најдобро е да се прави 1-2 порано за да може убаво да се стегне и филот и глазурата.
Од оваа пита излегуват многу парчиња затоа можете да ја преполовите количината.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови