Слатка пита со џем
Брашното промешајте го со солта, направете влабнатина и додадете го квасецот, шеќерот и млаката вода и замесете меко тесто.
Посипете ја работната површина со брашно и расукајте четвртаста кора, премачкајте ја со половина од маргаринот и поклопете ја неколку пати како писмо, па оставете нека се одмори 20 мин.
Расукајте повтротно четвртаста кора и намачкајте ја со остатокот маргарин, поклопете и оставете ја пак 20 мин. да одмори.
Повторно расукајте четвртаста кора и премачкајте ја со џем по ваш избор и завиткајте како ролат.
Краевите спојте ги да добиете круг.
Оставете нека надојде, премачкајте со белка и посипете со афион (мак).
Печете на 200 степени додека порумени.
Лиценца: Сите права се задржани