8 белки се матат во цврст снег.
8 жолчки се матат со шеќерот, па им се додаваат оревите, кикириките, пецивото и на крај снег од белките. Смесата убаво се меша со лажица и се сипе во калап за торта па се пече околу 20 минути на 180.
Одкако ќе се испече се сече на половина и се добиваат две кори.

фил
Млекото се става да врие со шеќерот и какаото. Кон зовриеното млеко се додава разматениот пудинг и на крај се додаваат и двете чоколади. Филот убаво се меша и се остава да се олади.
Кон оладениот фил се додава пенасто изматениот маргарин со шеќерот во прав, убаво се изедначува.

Кокосови солзи
Се мати шлагот со еден мал финџал вода и 3 лажици шеќер. Кон изматениот шлаг се додава кокосот и се замесува смеса од која се прават мали бомбички.
На чинија за торта се става едната кора и малку се попрскува со шербет. Се премачкува со фил и над првата кора и филот се редат и бомбичките, па се покриваат со фил пред да се стави втората кора, се реди и втората кора. Се премачкува со фил и со истиот фил се довршува декорацијата.
За декорација може да се искористат ореви, кикирики и др чоколадни додатоци.
.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела