Подготовка:

1. Прво шери доматите ги миеме и ги просушуваме. Во длабок сад го ставаме младото сирење , додаваме маслиново масло, по потреба сол и бибер. Промешуваме.
2. Земаме по 1 лажица, на дланката ја расплескуваме, го ставаме шери доматот и убаво го обложуваме. Одма го валкаме во тостирани семки од сончоглед и сусам. Постапката е иста до истрошување на состојките.
Ставаме во фрижидер да отстојат 30 минути, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани