Шери домати, скриени во младо сирење
Состојки
- 10 шери домати, домашни
- 250гр младо сирење
- 1лажица маслиново масло
- сол и бибер по вкус
- 50гр сусам
- 50гр семки од сончоглед
Подготовка
Подготовка:
1. Прво шери доматите ги миеме и ги просушуваме. Во длабок сад го ставаме младото сирење , додаваме маслиново масло, по потреба сол и бибер. Промешуваме.
2. Земаме по 1 лажица, на дланката ја расплескуваме, го ставаме шери доматот и убаво го обложуваме. Одма го валкаме во тостирани семки од сончоглед и сусам. Постапката е иста до истрошување на состојките.
Ставаме во фрижидер да отстојат 30 минути, па послужуваме.