Збогатете ја вашата празнична трпеза со овие вкусни колачиња. Брзо се прават, а подготовката е на следниот начин -

Се загреваат на тивок оган слатката павлака, маргаринот и чоколадото додека да се стопат (да не зоврие). Тргаме на страна малку да олади смесата, па ги додаваме мелените бисквити. Добиената смеса ја распоредуваме во калапи по желба врз стреч фолија (можете и во обично тавче, па да сечете коцкички и да ги декорирате) оставаме да се стегне смесата, па сечеме парчиња. Ако сакате да направите бомбици, нека одстои смесата во фрижидер, па правете ги бомбиците. Ги декорираме со растопено црно чоколадо, кокос, шарени трошки - по желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани