Ситни коктел кифлички
Измешајте го квасецот со млакото млеко, шеќерот и малку брашно, па оставете го 5-10 мин. да надојде.
Маргаринот (на собна температура) измешајте го со брашното. Додадете ја солта и сусамот и на крај и стасаниот квасец со мелкото и замесете глатко тесто.
Тестото поделете го на 16 дела. Од секој дел кружно расукајте тенка кора која ќе ја расечите барем на 8 дела. Ако можете на повеќе, уште поубаво. Јас како за прв пат не се осмелив на уште поситни, но следниот пат ќе пробам. Иако и вака беа задоволително ситни. Од секој засечен дел со прстот сролајте кифличка почнувајќиод поширокиот кон потенкиот дел.
Кифличките редете ги во подмачкан плех, премачкајте ги со разматена жолчка и малку млеко и наросете ги со крупна сол одозгора.
Печете ги на 180 степени околу 10 мин.
* Киснење на тестото овде не беше потребно, затоа што се работат многу ситни кифлички се одзема малку повеќе време, па така со отстојувањето на деловите кои сме ги поделиле неприметно се врши и таа работа. Единствено доколку е потребно во зависност од собната температура пред да ја ставите првата тура за печење можите да ги оставите кифличките малку да одстојат. Кај мене тоа не беше потребно. Добро е додека работите, останатите делови да ги покриете со крпа или фолија за да не се створи кора на нив додека си го чекаат редот.
Кифличките ги спремав за роденденот на моите деца, па гостите ги нарекоа и кифлички од еден залак)))
Лиценца: Сите права се задржани
Клара во прав момент,ме погоди
Najvaznoto ne go napisav: Sreken rodenden na decata !
Фала Лили, да си здрава и жива! :)