Сируп од вишни
Уште еден мој предлог за сируп од вишни, а знам дека има многу рецепти за добар домашен сируп
- Измиени вишните ставете ги во сад, додајте го шеќерот, циметот и каранфилчето, се добро измешајте.
- Затворете го садот со газа и оставете на собна температура да стои 2-3 дена, но за тоа време промешувајте да се топи шеќерот во сокот кој што тие го пуштаат.
- После тоа испасирајте ги вишните и процедете ги.
- Ставете во тенџере нека зоврие убаво, соберете го топол и добро затворете ги шишињата.
- Служете растоврен со ладна вода и кришка лимон.
Совет
- Овој сируп може да послужи и како прелив на сладолед, колачи...
- Кој не ги сака вкусовите на циметот и каранфилчето во овој прекрасен сируп - тогаш изоставете ги.
- Ова е концетрат од сокот на вишните, забележавте дека нема вода ниту капка.
Лиценца: Сите права се задржани
Ама нема да имам толку убава слика како оваа вторта. :)))
Debre tetka Biberce, ke napravis slika ti ubava, te znam jas tebe, neli vinicka zicka vlecis so tebe... Pozdrav!
jas napraviv so 900g visni nemav poveke i 400g seker bez nikakvi dodatoci (cimet i dr) go drzev 3noki i mi izleze sirup 600ml :) da kupav visni pravam 2doza